Секторот на шумарството беше сериозно запоставен и деградирани со децении наназад. Состојбата ескалираше со колапс на Јавното претпријатие Национални шуми чиие што работење беше колабирано до таа мера што вработените не можеа да земат плата.
Дополнително пустошењето на Македонските шуми беше доведено на ниво на перфекција од што зијан имаа и граѓаните и државата.
Денес состојбата е драстично подобрена во сите параметри, така што овој значаен земјоделски сектор создава профит и работи со добивка.
Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветанка Трипуновски во рамки на својот отчет за работата на Министерството во изминатите 2 години на секторот шумарство посвети посебен дел од неговото обраќање:
“Во текот на 2026 година пуштен е во употреба дигиталниот систем за следење и управување со шумски податоци.
Во делот на ловството објавени се 4 јавни повици за вкупно 110 ловишта кои што се ставени на располагање.
Имаме склучени 71 нов договор со нови концесионери, а 39 постапката се уште тече и многу скоро и таа ќе биде завршена.
Во делот на рибарството, заедно со Хидробиолошкиот Завод – Охрид по застој од 6 години се изврши вештачки мрест и порибување на Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка.
По 5 години застој односно без концесионер, спроведена е постапка и доделени се рибите на користење на 6 зони за комерцијален и на 1 зона за рекреативен на Охридското Езеро.
Во изминатите 20 месеци донесени се повеќе од 150 плански документи на самото Министерство, над 50 правилници согласно Законите по кои што работи Министерството и институциите.
Изминатиот период сериозно се работеше и на нови законски решенија кои што ќе значат подобро функционирање на земјоделскиот сектор.
Во постапка е формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи.”
напиша на социјалните мрежи во прилог на видеото во кое зборува за секторот шумарство.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!