БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Уставниот суд под водство на Дарко Костадиновски се подготвува да ја зацементира цензурата врз Левица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако со месеци ја чуваше во фиока иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76 од Изборниот законик, Уставниот суд конечно најави дека предметот ќе се разгледува на 8 јули. Наместо да биде гарант на уставноста и еднаквоста, сѐ поизвесно е дека Уставниот суд, предводен од Дарко Костадиновски, се подготвува да ја легализира и зацементира институционалната дискриминација и медиумската цензура врз Левица.

Нa последните локални избори, за првпат во историјата на Македонија, парламентарна политичка партија со пратеничка група беше целосно исклучена од системот на платено политичко рекламирање. Спорниот член 76 создава затворен политички круг во кој само „двете најголеми партии“ од власта и опозицијата располагаат со јавните финансии за изборна кампања, со билбордите, телевизиите, радијата и интернет-порталите. Наместо политички плурализам, се воспоставува медиумски монопол и системска цензура, со што директно се нарушуваат темелните уставни принципи на еднаквост, демократски натпревар и политички плурализам.

Доколку Уставниот суд одлучи да го аминува овој очигледно дискриминаторски модел, ќе покаже дека не е чувар на Уставот, туку заштитник на партиските интереси на власта. Таквата одлука нема да биде уставен став, туку политичка порака дека судската власт е подготвена да ја легализира цензурата врз секој што го нарушува комфорот на бипартизмот. Особено загрижува што ваквата сервилност на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски кон власта отвора сериозни сомнежи дека неговата лојалност нема да остане без награда. Јавноста веќе со право се прашува дали за возврат ќе следува одамна најавуваното професорско место на Универзитетот во Штип, како политички надомест за услугите кон власта.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Правната рамка која дозволува една парламентарна партија фактички да биде избришана од изборното рекламирање претставува институционална неправда и правна несигурност. Таквиот закон не обезбедува еднаквост пред законот, туку создава привилегирани и дискриминирани политички субјекти, што е спротивно на Уставот и на основните демократски стандарди.

Креирано од:


Пренеси го гласот