Во недела на 12 јули во штип ќе се реализира планираниот петровденски планинарски хепенинг во организација на ДПС “Лисец” од Штип во соработка со општина Кочани.
Програмата за настанот е дадена во продолжение:
17:30 – 20:00 часот
Штипска планинарска- рекреативна прошетка
Рута: камен мост на Л’џите – Еврејски гробишта – Кумлак – Клиси Баир – Парадата
Задолжително пријавување до 10.07.2026 (петок) до 12 часот, заради дозвола за движење во согласност со забраната за движење во шуми
Планинарски клуб “Лисец”
Емилија – 070 348 845
18:00 – 20:00 часот
Спортско качување
Место: новата спортска сала до ОУ”Ванчо Прќе”
Пријавување: Спортско качувачки клуб Астибо
Јован 078 548 248
21:00 часот
Музички хепенинг
на ” Парадата”(помеѓу гимназијата и ОУ”Ванчо Прќе”
Настапуваат:
– THE HATS
– TND & Friends
Место: „Парадата“ – на љубовта, музиката и пријателствата.
Ве очекува ден исполнет со планинарење, дружење и музика под отворено небо.
Штип повторно ќе пее во еден глас!!!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа