БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делчевската библиотека започнува со достава на книги до домовите на специфични таргет групи на граѓани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако подолго време наназад се укажа како потреба врз основа на постојаната комуникација на градоначалникот Гоцевски со градоначалникот, тој од денеска даде зелено светло за воведување на нова пракса од страна на ЈЛБ “Илинден” Делчево.

Како резултат на просторните услови на библиотеката, во периодот кој претстои делчевската библиотека ќе доставува литература која читателите ја изнајмуваат за читање, до нивните домови.

Станува збор за специфични таргет групи на граѓани кои што не се во состојба да доаѓаат физички да ги подигнуваат своите барани книги, а истите ќе им бидат доставувани од страна на лица вработени во библиотеката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во овие групи се опфатени повозрасни сограѓани, лица со хронични болести, лица со физичка попреченост.

Градоначалникот Иван Гоцевски во врска со оваа активност упати своја порака во јавноста:

“КНИГА ЗА СЕКОГО, СЕКОГАШ И СЕКАДЕ!

Од денес и официјално започнува новата услуга на нашата ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, која е првата библиотека што воведува бесплатна достава на книги до домот на своите членови кои, поради возраст, здравствени или други оправдани причини, не се во можност лично да ја посетат библиотеката.

Со поддршка од Општина Делчево, книгата ќе стигне таму каде што е најпотребна, затоа што веруваме дека правото на читање и знаење треба да биде достапно за секого.

Делчевските љубители на пишаниот збор кои имаат потреба да им се достави книга, можат да си нарачаат книга на facebook страницата и на меилот на нашата библиотека, а многу наскоро и преку новиот туристички културно- информативен центар во Општина Делчево.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот