БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Митева: Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција портпаролката на Владата на Република Македонија Марија Митева ја информираше јавноста за преземените мерки кои што владата ги презеде во изминатите денови веднаш по појавата на кризната состојба околу епидемијата во Гостивар

“Сакам да ја информирам јавноста дека Владата од првиот момент кога беа добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагираше брзо, координирано и институционално, со единствен приоритет, заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедно снабдување со вода.

Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и останатите институции кои имаат надлежности во овој процес.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Паралелно со преземањето на мерките за заштита на населението, Владата одлучи да обезбеди 50.000 литри вода за граѓаните на Гостивар, со цел во ниту еден момент да не биде доведено во прашање снабдувањето и потребата на граѓаните, како и вчера така и во идните денови ќе продолжиме со оваа помош.

Во вакви ситуации, најважно е институциите да постапуваат брзо, одговорно и професионално. Токму тоа и го правиме, иако многу од надлежностите се под надлежност на локалната самоуправа . Но, исто толку важно е и да се утврдат причините за настанатата состојба.

Затоа, надлежните институции се на терен, се спроведуваат инспекциски контроли, се земаат примероци, се вршат лабораториски анализи и се прибира целокупната документација.

Очекуваме целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности кои довеле до оваа состојба. Било каква одговорност која ќе се утврди, институционална, службена или индивидуална таа ќе биде соодветно санкционирана. 

Нема да има селективност, ниту компромис кога станува збор за здравјето на граѓаните.

Во оваа фаза најважно е јавноста да добива точни, проверени и навремени информации, без шпекулации.

За таа цел, денес со нас се министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, и директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски, кои ќе дадат подетални информации околу почетокот до денес какви се информациите со кои што располагаат владините институции.

-рече денеска на прес конференција Марија Митева Портпарол на Македонската влада

Креирано од:


Пренеси го гласот