Синоќа, на Споменикот на слободата во Кочани беше проектиран документарецот „Руини“, во режија на Елена Чемерска.
Публиката ја проследи приказната за уметникот Глигор Чемерски, (авторот на изградбата на Споменикот на слободата во Кочани), за Елена, за времето, за животната загуба и борбата едно дело да не стане само заборавени руини.
Филмот особено допре до присутните кочанчани, кои Споменикот на слободата го доживуваат како дел од Кочани, од нивните приказни, растење, сеќавања, кои гледајќи го филмот дознаа колку многу живот и уметност има во тие ѕидови.
Документарниот филм „Руини“ е израз на огромната љубов на Елена Чемерска кон својот татко, која ја продолжува неговата приказна. Едновремено претставува почит за отворената душа и описот на семејниот животен пат, за борбата за обезбедување финансии за неговата реставрација и за реализацијата на сите институционални бариери.
Со филмот се изразува благодарност кон сите од Кочани кои учествувале во целокупниот процес и за кои Споменикот на слободата не е само споменик, туку дел од нивниот живот.
Филмот упатува недвосмислена порака сите да го чуваме не како руина од минатото, туку како место за идни спомени.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево