Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска, поврзани со третманот што го добила во текот на бременоста, пред нејзината бременост трагично да заврши со загуба на плодот.
Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, Министерството веднаш иницираше барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот. По спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, Министерството за здравство ќе формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката.
Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди. Доколку во постапката на инспекциски надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, Министерството ќе постапи целосно согласно важечките законски прописи.
Министерството за здравство останува посветено на обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за секоја пациентка, а особено во случаи со висок ризик, каков што е случајот на бременост со компликации.
Извор: Соопштение на Министерството за здравство упатено до јавноста

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција