БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 08 до 14 години во општина Пробиштип!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Пробиштип во соработка со компанијата „Булмак 2016″, го претставува проектот „Кошарка за секое дете”. Проектот им овозможува на децата од 08 до 14 години бесплатно да тренираат кошарка, да ги развиваат своите спортски вештини и да се подготвуваат за учество во младинските натпреварувања. Уписите се отворени до 30 октомври 2026 година.

Со цел проектот да биде достапен за сите, родителите ќе бидат ослободени од сите трошоци за учество. Со проектот ќе бидат обезбедени топки за кошарка и реквизити за работа, а за натпреварувачите во селекциите и кошаркарска опрема. Предвидено е момчињата и девојчињата да се натпреваруваат во категориите М12 и М14 во системот на Македонската кошаркарска федерација.

Пробиштип располага со две кошаркарски сали со услови за тренинзи и за одржување младински натпревари и првенства. По завршувањето на уписите ќе се формираат групите и ќе се објават термините за тренинзи и натпревари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проектот е предвиден да трае четири години или еден олимписки циклус. Покрај учество и пласман во завршниците на турнирите во категориите М12 и М14, целта е да се создадат услови за развој на деца кои во иднина би можеле да станат репрезентативци и професионални кошаркари.

Упатувам благодарност до компанијата “Булмак 2016“ за препознавањето на потребите на децата и младите и за подготвеноста да бидат дел од развојот на спортот, како и за нивната општествена одговорност и вложување во локалната заедница.

Ги повикуваме родителите на заинтересираните деца од 08 до 14 години да ги пријават до 30 октомври 2026 година.

За пријавување и дополнителни информации: Никола Пеншов (070/249-331) и Александар Бранковски (075/333-531)

Креирано од:


Пренеси го гласот