БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дониран елаборат за монтажно-демонтажни јавни паркинзи во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателот на Здружението на граѓани за хуманитарни активности „Лазарус хуманитарна организација Македонија“ – Ред на Свети Лазарус од Скопје, Ѓоко Динев, денеска потпишаа договор за донација на елаборат за поставување урбана опрема – монтажно-демонтажни јавни паркинзи во Кочани.

Донацијата претставува придонес кон напорите за подобрување на условите за паркирање и поефикасно искористување на јавниот простор. Елаборатот ќе послужи како основа за понатамошно планирање и разгледување на можностите за воспоставување дополнителни паркинг-капацитети во градот.

Вкупната проценета вредност на проектот изнесува 17.000 евра. Со оваа иницијатива се отвора можност за примена на нови решенија во организацијата на јавните паркинг-простори, во насока на подобрување на сообраќајната функционалност и урбаното уредување на Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општина Кочани изразува благодарност до здружението „Лазарус хуманитарна организација Македонија“ – Ред на Свети Лазарус за донацијата и поддршката, со надеж за продолжување на успешна соработка и во иднина.

Креирано од:


Пренеси го гласот