БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се е подготвено за старт на „Пивофест 2018“ овој викенд

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Прилеп е подготвен да ги пречека учесниците и посетителите на најголемиот фестивал на пиво и скара во нашата држава.

За што поуспешна организација на „Пивофест 2018“, е формирано координативно тело во кое учествуваат претставници на Полициската станица – Прилеп, службата за Итна медицинска помош, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, Агенцијата за храна, јавните комунални претпријатија и други институции. Овие институции ќе работат 24 часа , во текот на сите 4 денови, ќе се грижат храната да биде безбедна, а хигиената, редот и мирот на високо ниво.

И годинава посетителите од другите градови со авантуристички дух, ќе можат да кампуваат во Паркот на револуцијата, каде покрај бесплатниот појадок и топлите напитоци, на располагање ќе имаат и туш кабини.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Фестивалот на пивото и скарата „Пивофест 2018“, започнува утре, четврток 12 јули и ќе трае до недела, 15 јули. Освен брендираните пива на „Прилепската Пиварница“ и „Скопската Пиварница“,„Саравеско пиво“ и „Чешко пиво“, за време на фестивалот сите посетители ќе имаат можност да вкусат извонредни специјалитети од прилепските скараџии.

На репертоарот на првиот фестивалски ден се: Бени со бендот „Нон- Стоп“, популарната Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски.

Прилеп ве очекува!

Креирано од:


Пренеси го гласот