Преголема желба која конечно стана реалност на наставникот Ангел С. Богатиновски е неговото прво дело на неговата 86 годишна возраст.
Книгата е насловена „Архаизми од виничко-оризарскиот регион“, и во неа се сместени над 1.000 зборови од овој крај , а промоторот Силвана Јаневска оваа книга ја нарече “Идиотикон“-речник на едно наречје, т.е дијалектизам.
“Динамичните промени во социолошкото живеење се повеќе ги потиснуваат дијалектните форми, а уште повеќе архаизмите, кои се од искучително значење за еден регион. Мојот родител, Ангел Богатиновски, над 50 години наназад ги запишува архаизмите во говорот на територијата на Оризари и Виница, и тој долготраен процес бара посветеност и истрајност во работата“,
-изјави промоторот Силвана Јаневска.
На Богатиновски му беше врачена и благодарница за особени заслуги во областа на образованието и културата. Книгата е испечатена во тираж од 500 примероци.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево