БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Исцелител“ дел од репертоарот на Павловденското чествување во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Љубителите на филмот уживаа во несекојдневна глетка во кино на отворен плоштад. Проекцијата на филмот “Исцелител“ дефинитивно беше одличен избор во понудата на репертоарот од Павловденското чествување, поради големата заинтересираност на присутните.

Се следеше во надворешен амбиент , а тишината асоцираше на амбиент од кино сала. Дури ни најмладите гости не ја нарушија концентрацијата кај публиката. Инаку станува збор за филм во режија на Ѓорче Ставрески, кој од својата премиера на 9-ти ноември досега, за само неколку месеци, се прикажуваше на 24 светски филмски фестивали, од кои три беа од А категорија. Филмот освои 9 меѓународни награди, меѓу кои 5 беа за најдобар филм. „Исцелител“ е прв македонски филм добитник на награда на филмскиот фестивал во Солун во 58 годишното постоење на фестивалот.

Тој е добитник и на наградите за најдобар филм во Санта Барбара, САД (Бергамо Филм Митинг), Италија (Филмскиот фестивал во Обањ), Франција и на фестивалот Let’s CEE во Виена. За проекцијата на филмот во Виница се погрижи Домот на културата “Тошо Арсов“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace