На синоќешната народна прослава на празникот Павловден во Пехчево, на Фестивалот на дувачки инструменти организиран од страна на Општина Пехчево, огромниот број на гости во ова преубаво градче на истокот од Македонија, ги пееја добропознатите Македонски хитови “Едно име имаме”, “Македонско девојче” и навивачката неофицијална химна “Излези момче право на тераса” заедно со српскиот поп бенд Амадеус кој беше ѕвезда на оваа прва фестивалска вечер.
Енергијата и високото ниво на расположение кај присутните е забележлива на самите видеа споделени на социјалните мрежи, иако концертот траеше до раните утрински часови.
Пехчевци покажаа и докажаа со овој фестивал како се организира значаен и голем културен настан за кој се раскажува во текот на целата година
За вечерва е најавена уште поголема забава со балканската Поп ѕвезда Хари Мата Хари на чиј концерт се очекува уште поголема бројност на присутни од сите околни градови и пошироко од регионот.
https://www.facebook.com/dragan.markovski/videos/10211927168165115/
https://www.facebook.com/dragan.markovski/videos/10211927177605351/
https://www.facebook.com/dragan.markovski/videos/10211927221806456/


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Кочани
37 годишна жена од Пробиштип влетела дома кај своја сограѓанка и почнала да ја тепа
44 годишен виничанец спречувал службено лице во вршење на службени дејствија и доби кривична пријава од полицијата