Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје е направено првото вградување на целосно вештачко срце во Македонија. Пациентот, маж на 46-годишна возраст од Штип, со исклучителна срцева слабост, по оперативниот зафат е во стабилна здравствена состојба и се чувствува добро.
Операцијата, којашто траеше повеќе од пет и пол часа и заврши во средата рано наутро, комплетно ја изведе тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ.
Со оваа историска интервенција, ја вброивме Македонија меѓу малкуте светски држави каде што се работи овој зафат. Вградувањето на првото вештачко срце ја потврди нашата континуирана посветеност да бидеме лидер во воведување на нови интервенции со врвни техники и технологии и да ги направиме најкомплексните интервенции на срце достапни за нашите граѓани дома.

Извор: Фејсбук

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи