Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со надеж и желба за подигање на свеста кај надлежните во општината а пред се кај градоначалникот Горан Трајковски, спроведоа избор за најдлабока дупка на улиците во Делчево и тоа во категорија до 20 cm.
“
Го повикуваме градоналалникот на општина Делчево Горан Трајковски, веднаш по завршувањето на неговата прошетка до Словенија да ја додели наградата за најдлабока дупка во Делчево во категоријата “Дупка до 20 сантиметри”.
1во место: Дупките на улица “Индустриска” (15 сантиметри)
2ро место: дупките на улица “Првомајска”(13,5 сантиметри)
3 место: дупката на улица ”Острец” (13 сантиметри)
4то место: дупките на улица “Браќа Миладинови”(12 сантиметри)
5то место: Дупките пред ЈЗУ “Гоце Делчев”10 сантиметри
Општина Делчево/Municipality of Delcevo под раководството на Горан Трајковски е “шампион на дупките”.”
-стои во пораката упатена од УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН АПЕЛ И РЕАКЦИЈА ОД ЗАГРИЖЕНИ РОДИТЕЛИ НА ДЕЦАТА ОД МЛАДИНСКАТА ШКОЛА НА ОФК МАЛЕШ
Претстои реконструкција на игралиштата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Полскиот амбасадор во посета на Општа болница Кочани