БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гоце Марков: Г-не 800 км!!

Пренеси го гласот

Секоја нова генерација создава нови механизми врз основа на постоечките услови и параметри во кои се наоѓа и кои ги наследила. Оваа генерација наследи растурено ВМРО од страна на ,,братучедот”, лепакот за пратеници од едно друго време кога се мешаа аудио и видео снимки и кога активистите на ВМРО-ДПМНЕ беа на најминималната бројка во историјата на оваа политичка партија.По улица беа плукани и навредувани – знаете??

Г-не 800 км, не сме ние виновни за плукањето по нас во 2016-та, 2017-та, 2018-тата…не, ние не бевме ниту функционери, а богами не сме биле никогаш криминалци, туку чесни плаќачи на данок и патриоти кои на првата рана и потреба на Македонија сме трчале и сме ја лекувале. Г-не 800 км, јас во мојот живот правев само дела кои поврзуваат, јас никого не оставив на цедило, ни сега, ни лани, ни за вашето претседателствување, а ниту 2001-та… Г

-не 800 км, има различни мислења кај Македонците и денес како и во времето на Александров, Делчев, Михајлов, Карев, Сандански…има, ама сега е пострашно бидејќи сега иднината ни е на дланка, ја гледаме, а некој упорно не враќа 10 години наназад. Г-не, ние, чесните Македонци, немаме кавга со вас, ние се бориме ТУКА, и живееме ТУКА. А вие почитуван Г-не 800 км кога ќе живеете ТУКА и ќе пишувате од македонска IP адреса, тогаш вашиот збор ќе биде колку – толку валиден и вреден за разгледување. Дотогаш почитуван Г-не, Ве замолуваме, ние Македонците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, да не оставите да се бориме ТУКА, со луѓето кои се ТУКА, со оние кои се нафатија да одат до крај. Ви благодарам на разбирањето.

П.С.Македонија е една и единствена и не и се потребни дополнителни поделби и расколи. Особено интересен е деталот каде луѓето кои се активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ, ги нарекувате ,,партиската машинерија” која вие сте ја оставиле.

Тие луѓе, тие членови, таа ,,партиска машинерија” живее, купува, создава ТУКА, во Македонија.

Овие луѓе останаа овие десетина години да инвестираат со знаење и труд и вложувања во партијата и државата која вие многу лесно ги оставивте. Г-не, ако имавте сеопфатни и длабоки анализи немаше вашите чекори и политики да ги рефлектирате преку текстови оддалечени 800 километри далечина. Проблемите на обичниот граѓанин во Македонија се решаваат ТУКА. Продолжете си ако сакате со историски текстови ама ве замолувам да ги оставите новите луѓе во ВМРО-ДПМНЕ сами да решаваат и да одлучуваат за иднината на Македонија, овде доволна главоболка ни се Ковачевски, Заев, Ахмети и странските мешетари.

bregalnickimarketing

Пишува: Гоце Марков

Креирано од:


Пренеси го гласот