Пред повеќе од десетина денови ја информиравме јавноста за набавката на новогодишна елка од страна на Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски по цена од над 20 ијади евра (Предвидената цена поред Договорот за јавна набавка изнесува точно 1 177 050 денари) иако општина Делчево е една од најсиромашните општини во Македонија ако не можеби и најсиромашна.
Откако елката беше набавена и поставена во градскиот парк, општината организираше настан за пуштање на елката во употреба на кој што беа повикани дечиња на ладното време преку нивни наставници, по што во паркот во Делчево остана ова прескапо новогодишно “изненадување” од страна на градоначалникот да стои како нем сведок за недомаќинското и неодговорно трошење на јавните буџетски пари од негова страна.
Па за да не биде “инвестицијата” на градоначалникот сосема залудна решивме да организираме мала анкета за да утврдиме заедно со нашите читатели која елка е поубава?
Дали оваа што ја набави градоначалникот на Делчево Горан Трајковски за околу 20 илјади евра или било која друга елка која што може да се набави преку интернет со иста големина но по цена од околу 1000 евра?
За ваквата состојба околу набавката на прескапата новогодишна елка своја реакција преку социјалните мрежи упатија и од општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево кои што прашуваат како градоначалникот можел да плат 20 илјади евра за елка која што на интернет може да се набави за околу 1000 евра.
Целата реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатена преку социјалните мрежи може да ја проследите во продолжение:
“Веќе сите ја заборавија НАЈСКАПАТА ЕЛКА ВО ИСТОРИЈАТА НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА!
Затоа ние како одговорна младина од Делчево сакаме повторно да потсетиме за истата со прашање кон Горан Трајковски:
Како е возможно градоначалниче да платите скоро 20 000 евра за елка која на интернет може слободно да се набави за нешто над 1 000 евра?!
Дали во заминување од вашата позиција на градоначалник, провизиите од јавните набавки ви се поважни од средствата наменети за вистински проекти за граѓаните на Општина Делчево?!
Дали крајот вака мириса “градоначалниче”?!”
-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”