Во организација на Фајнанс Тинг (Finance Think) во петок (20.12.2024 година) во хотелот Мериот во Скопје со почеток во 11.00 часот ќе се одржиа Економскиот форум под наслов ‘Трка до дното’ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан.
На форумот главен говор ќе одржи Елена Калистру која што е дел од европскиот економски и социјален комитет а на панел дебатата ќе имаат учество повеќе експерти од областа на економијата и јавните економски политики од државата но и повеќе земји од регионот на Балканот и Европа..
На Економскиот Форум ќе бидат презентирани наоди од новата студија за видовите и износите на државна помош за домашни и странски компании, со осврт на транспарентноста и одговорноста на надлежните институции во земјите од Западен Балкан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар