БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

АД ЕСМ потпиша Меморандум за проширување на можностите за набавка на природен гас од Азербејџан

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

🟢 Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ и државната компанија СОКАР од Република Азербејџан потпишаа Меморандум за разбирање со цел зајакнување на енергетската стабилност во земјава. Соработката се фокусира на подобрување на достапноста и проширување на можностите за набавка на природен гас, со цел да се обезбеди стабилно, континуирано снабдување по конкурентни цени, во согласност со позитивните законски прописи.

🟩 Овој Меморандум е во насока на напорите на државата да обезбеди природен гас, додека СОКАР има за цел да го зголеми своето присуство на регионалниот пазар.

🟢 СОКАР е интегрирана компанија која со еколошка свесност врши дејности за производство, транспорт и продажба низ целиот свет и притоа стратешки го поддржува растот на научниот, техничкиот, економскиот и интелектуалниот потенцијал на Република Азербејџан. Компанијата активно ја промовира транзицијата кон зелена економија со развој на проекти за соларна, ветерна и водородна енергија. Преку примена на напредни и еколошки технологии, СОКАР зазема клучна позиција во регионалните и меѓународните енергетски проекти на Азербејџан и на Европа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

🟩 ЕСМ обезбедува највисок процент од домашното производство на електрична и на топлинска енергија. Стратешка цел на компанијата е креирање платформа за транзиција кон зелената енергија со фокус на проекти од обновливи извори.

Извор: АД ЕСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот