Претставен новиот портал „е-услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните
На денешната прес-конференција за медиумите со особено задоволство го претставив новиот портал e-uslugi, преку кој овозможуваме брз и ефикасен пристап по електронски пат до 94 услуги од Катастарот. Со овој проект ги потврдуваме заложбите на премиерот Hristijan Mickoski за забрзана дигитализација и истиот е одговор на потребите и барањата на нашите граѓани и правни лица, овозможувајќи им да ги добијат услугите веднаш по поднесување на нарачката преку електронска пошта.
Согласно плановите, до крајот на годината ќе додадеме уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година дополнително ќе прошириме со уште 10 услуги. Корисниците ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), со што значително го поедноставуваме пристапот и ја подобруваме транспарентноста на услугите.
Дигитализацијата е еден чекор напред кон создавање модерна и ефикасна институција. Со овој проект ја потврдуваме нашата решеност да бидеме вистински сервис на граѓаните, кој ќе им овозможи брзи, сигурни и квалитетни услуги, без непотребни чекања и губење на време.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава