Во чест на 15-те загинати работници на своето работно место во текот на 2023 година, а со цел подигнување на свеста за ова прашање, денес симболично засадивме 15 садници во рамки на новиот парк во Аеродром. Одлична иницијатива на Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија која се реализира со наша поддршка.
Општина Аеродром како партнер во оваа иницијатива ќе вложи напори за хортикултурно уредување на овој простор. Паралелно реализираме и набавка на сертифицирана опрема, изработена според потребните стандарди, преземаме конкретни мерки за подигнување на безбедноста при работа, на лицата кои се вработени во општината и комуналното претпријатие.
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дали управител на ЕСМ Туризам истовремено извршува функција на синдикален лидер?
Клопчето почна да се размотува: Над 60 фирми испумпале 3,2 милиони евра од ФИТР со проблематични проекти. Следуваат кривични!
Собранието носи Национална развојна стратегија која ќе биде патоказ за сите наредни влади