БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки од Велес: Во “Платформа 1198” има мерки за подобрување на состојбите во ловството и ловечката дејност

Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден во рамки на капмањата за Парламентарните избори кандидатот за пратеник и носител на листата на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” во Третата изборна единица Драган Ковачки заедно со останатите двајца кандидати од велес кои што се на листата Игор Здравковски и Александар Јамалов имаа средба со членовите на Ловното друштво “Руен” од Велес.

На средбата ловџиите биле запознаени со мерките кои се посветени на нив во рамки на предизборната програма “Платформа 1198” кои се во насока за подобрување на состојбите во оваа значајна дејност.

“Во Велес имавме пријатна средба и со велешките ловџии од Ловното друштво ,,Руен”.

Им претставивме дел од мерките од Платформата #1198 со кои предвидуваме регулирање на концесиите со цел ефикасно управување со ловството, зголемување на контролите на стопанисување со ловиштата, дефинирање на рокот на одобрување за набавка на ловечко оружје и муниција, како и уште многу мерки кои ќе ги задоволат потребите на ловџиите.

Промените во твои раце!

Македонија повторно твоја!🇲🇰

bregalnickimarketing

-напиша на социјалните мрежи Драган Ковачки- Носител на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Третата Изборна единица.

Креирано од:


Пренеси го гласот