Талат Џафери изјави дека со месеци Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, не му одговара на барањето за средба помеѓу нив двајца. Откако Претседателот одбил да го потпише законот за двојазичност во државата, Џафери преку посредник посакал да се сретне со него, но сеуште нема одговор од Иванов.
Џафери обвинува дека Претседателот се меша во одлуките на законодавниот дом, потсетувајќи се и на средбата помеѓу Заев и Иванов која траела само неколку минути, кога му го однесле договорот со Грција, очекувал да не прифаќа средба и со него.
Џафери се закани, дека доколку Претседателот не го потпише и договорот со Грција, ќе го испрати овој закон во службен весник, само со негов потпис.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи