Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

АКО РЕВИЗОРОТ ИЗНЕСУВА ФАКТИ ЗА 28 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАГУБА ЗА ЕЛЕМ ВО 2021, ТОГАШ ЗА 2022 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПОТОП!

Пренеси го гласот

Во 2020 год. АД ЕСМ заврши со загуба од скоро 17 милиони евра, а во 2021 год. со загуба од 28,1 милиони евра. После овие факти, што може да очекуваме од раководството на АД ЕСМ за финансиската состојба на АД ЕСМ за 2022 год. ?

Во Ревизорскиот извештај за 2021год. за АД ЕСМ децидно стои дека:
„ друштвото оствари загуба во износ од 1.728.207 илјади денари (28,1 милиони евра – н.з) и 1.033.101 илјади денари (16,7 милиони евр – н.з) во 2020 година, кои се во најголем дел резултат на енергетската криза во светски рамки. Во 2021 година оперативното работење на друштвото се одржува и со субвенции од основачот РС Македонија. ОВИЕ УСЛОВИ УКАЖУВААТ НА ПОСТОЕЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНА НЕИЗВЕСНОСТ, КОЈА МОЖЕ ДА НАМЕТНЕ ЗНАЧАЈНО СОМНЕВАЊЕ ЗА СПОСОБНОСТА НА ДРУШТВОТО ДА ПРОДОЛЖИ ВРЗ ОСНОВА ЗА ПРЕТПОСТАВКАТА ЗА КОНТИНУИТЕТ“.

Иако АД ЕСМ го зголеми своето производство од 3750 GWh за 2022год. во споредба со 2021 год. од 3263 GWh (најлошата година во историјата на АД ЕСМ) за приближно 15%, поради економски неиплатливото производство се зголемија и трошоците. Па така, од јануари до август 2022 год. производната цена на АД ЕСМ е зголемена за приближно 15%, а тоа значи дека АД ЕСМ повторно ќе заврши со загуба.

Според досегашните податоци и анализи, се претпоставува дека АД ЕСМ ќе ја заврши 2022 год. со загуба од неверојатни 35 – 40 милиони евра!

Зошто владата СДСМ-ДУИ го дозволува ваквото управување на АД ЕСМ од страна на неспособниот Васко Ковачевски и свесно ја доведува компанијата во загуба?

Дали поучени од минатото се спремаат за нов „бонбона бизнис“? Времето ќе покаже!
Одговорност за ова мора да има!

-соопштение упатено до авноста од страна на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот