БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бесплатен јавен превоз е мисловна именка за останатите општини, Македонска Каменица го спроведува

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска како една од првите информации во годината која само што започна, градоначалникот на општина Македонска Каменица објави дека жителите на Македонска Каменица ќе можат да користат бесплатен јавен превоз.

Станува збор за воведување на бесплатен јавен превоз кон сите рурални населени маста од страна на општината за чија што намена доколку има потреба ќе бидат ставени на располагање покрај другото и двете општински комби возила.

Ваквата мерка ќе предизвика поголема фрекфенција на луѓе од селата кон општинскиот центар Македонска Каменица и обратно а особен бенефит ќе имаат повозрасните лица како и посиромашните лица што немаат сопствени возила кои што ќе можат редовно да ги остваруваат своите потреби во урбаниот центар на општината каде што се сите институции.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Реализацијата на овој проект од сетот на заложби на градоначалникот Димче Атанасовски е особено значаен затоа што предничи пред сите останати општини не само во Брегалничкиот регион туку и пошироко.

Во услов на најголемата криза кој што е присутна во целата држава а особено се манифестира негативно кај граѓаните во нашиот регион, ваквата мерка е особено за поздравување и секако светол пример за сите останати општини за тоа како треба да се грижат за подобар животен стандард за граѓаните. А бесплатниот јавен превоз и тоа како ќе допринесе за тоа за сите граѓани на Македонска Каменица.

“Утре, петок (13.01.2023), Општина Македонска Каменица организира тест ден за бесплатен јавен превоз за жителите од селата Саса, Моштица и Дулица. Веќе од наредниот петок ќе биде воведен бесплатен јавен превоз за жителите и од останатите рурални средини.

Во зависност од потребите ќе биде креиран возен ред и на располагање ќе бидат ставени двете општински комби возила.

Возен ред за петок (13.01.2023)”

-објави денес градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски во врска со оваа мерка.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace