На денешен ден во далечната 1986 година почина еден од најголемите актери на македонското национално глумиште, великанот Ристо Шишков.
Неговата биографија по се нешто наликува на театарска претстава со најголема жар и комплексност како и најголемите холивудски приказни.
Трагедијата на неговиот живот и животот кој го опкружувал е само рефлексија на конфликтноста за преживувањето на македонскиот народ.
Од суровиот детски живот на пребеган македонец од Егејска Македонија па се до внатрешниот немир на осаменост и чувство на инфериорност пред забревтаниот системски режим на поранешната држава, успехот како врвен талент под ѕвезденото актерско небо не само во домашни граници, се чини премала сатисфакција за живеењето на еден таков животен пат исполнет со премрежја.

И само затоа што човекот сакал јасно и гласно да каже како се чувствува по прашањето на својот идентитет, и што мисли за сите оние кои го негирале сето тоа.
Можеби успеаа кодошите и предавниците да го убијат човечкото во него, но остана македонското…
Да свети и сјае низ очите на неговата појава, во сиот негов живот, но и во смртта.
Она што како идеја го носиме сите ние!
Она по кое човекот е човек а Македонецот е Македонец!
Нека му е вечна слава!
Неговиот лик и дело се безвременска хармонија за земјата чие име го опишува сонцето.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи