Во соопштение упатено од огранокот на политичката партија Левица во Штип ја информираа јавноста за вчерашната активност на подмладокот на оваа партија.
“ЛЕВИЦА НА ТЕРЕН ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
Активисти на Црвена Младина – Штип, придружувани од членовите на ЛО Левица – Штип денес на пешачката патека покрај Брегалница делеа едукативни флаери со совети за здрав живот и флаширана вода за рекреативците и минувачите.
Неминовна беше темата околу претстојните избори, за кои граѓаните даваат позитивно мислење за кандидатот од Левица, проф. Билјана Ванковска.
Левица останува да биде дел од народот, бидејќи, несомнено, е единствената партија која ги застапува интересите на обичниот граѓанин.
Во здраво тело – здрав дух.
#СветскиДенНаЗдравјето
#МладитеНаТерен
#Левица
#ЦрвенаМладина”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Црвена Младина Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево