БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Алармантно ниво на заматување на водата за пиење во делчевскиот водовод

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

” „Чиста вода за Делчево”-е слоганот под кој во Делчево во последните 5 години се реализира „Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево“, донација од Владата на Швајцарија”,

-според официјалните надлежни органи во Делчево.

“Ова е голем ден за Делчево”,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-рече на пуштањето на пречистителната станица за вода за пиење во село Тработивиште Градоначалникот Горан Трајковски.

“ЦЕЛТА Е ПОСТИГНАТА!”

-беше објавено од страна на Јавното Комунално Претпријатие “Брегалница” од Делчево пред неколку месеци кога се пушти официјално во употреба новата пречистителна станица за вода за пиење т.н. Фабрика за вода во атарот на село Тработивиште, општина Делчево.

За благодарност за донаторите ЈКП “Брегалница” Делчево реализираше награден конкурс во кој што учествуваа дечиња од делчевските училиште кои креираа свои уметнички творби за благодарност кон донаторите, кои беа покровители и на овој награден конкурс.

До редакцијата на Брегалнички Портал пристигаа загрижувачки информации проследени со фотографии на кои се гледа состојбата на водата за пиење која загрижени граѓани алармираат дека визуелно не е добра за гледање, а се сомневаат дека и не е добра за пиење.

Бидејки нема никакво известување за извршена контрола и за состојбата на водата за пиење во делчевскиот водовод, од името на овие загрижени граѓани кои сакаат да останат анонимни, ги прашуваме надлежните служби кои оперираат со новата т.н. Фабрика за вода во с. Тработивиште и со целиот дистрибутивен систем на вода за пиење во Делчево дали деновиве имало проблеми со функционирањето на системот и дали се вршени контроли на водата за пиење во делчевскиот водовод? Доколку се вршени контроли и во кои термини, што покажуваат резултатите од овие контроли во однос на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во домаќинствата на граѓаните на Делчево?

Зошто не се објавуваат информации во јавноста за извршени контроли на квалитетот за водата за пиење во населените места во Делчево?

Од овие фотографии кои се доставени до нашата редакција од загрижени граѓани видливо е огромно ниво на заматување на водата за пиење што во секој случај заслужува официјален одговор на надлежните служби.

Според информациите кои ни се доставени од загрижени граѓани, ова се мостри на вода земени во текот на вчерашниот ден (петок 04.04.2025 година).

Креирано од:


Пренеси го гласот