БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Али Ахмети со класична лага го нападна човекот кој што е најголема закана за владеењето на СДСМ и ДУИ

Пренеси го гласот

Дојде и тој ден! Али Ахмети кој што ги предводеше терористичките орди во 2001 година кои убиваа Македонски синови најмногу со кукавички методи и терористички напади, 23 години потоа почна да го споменува повторно зборот војна во своите јавни настапи. И тоа не на било кој начин туку инволвирајки го Претседателот н ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој што во таа кобна војна во 2001 година предизвикана точно од Али Ахмети, беше дел од безбедносните сили во служба на повикот за служење војска на АРМ.

Разликата меѓу овие две фотографии е очигледна… Но суштината на ваквите манипулативни говори кои ги држи Али Ахмети пред своите поддржувачи е друга.

Во услови кога државата под власт на СДСМ, ДУИ и нивните поддржувачи во огромна мера е институционално дезинтегрирана како дел од неспособноста на раководните структури поставени од владеачките партии, Али Ахмети повторно ги повампирува духовите од 2001 година.

Ваквиот чин на актуелизација на војната од 2001 година од страна на еден од коалициските партнери во влата во огромна мера говори за фактот што позициите на СДСМ и ДУИ како предводници на власта се сериозно разнишани, за што се свесни и тие самите.

Спомнувањето на името на Христијан Мицкоски во контекст на војната во 2001 година секако е напад кон најголемиот политички непријател кој што го загрозува криминалното владеење на СДСМ и ДУИ, кој што јасно и гласно има соопштено во јавност дека ќе има одговорност за сите оние кои што се огрешија кон законот во минатото.

bregalnickimarketing

Нападот на Христијан Мицкоски од страна на Али Ахмети е одбрана на најнеспособната и најштетна влада во историјата на Македонската држава.

Креирано од:


Пренеси го гласот