Министерот за здравство, Азир Алиу одржа работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, на која беше реафирмирана одличната соработка меѓу двете земји и континуираната поддршка на здравствениот систем.
-Со Сојузна Република Германија и со амбасадорката Дрекслер имаме традиционално успешна соработка, а во оваа прилика посебно ја истакнав исклучителната поддршка за лекувањето на повредените во големата трагедија во Кочани. На заедничката средба разговаравме и за петте столба на кои ги базираме реформите во здравствениот сектор, со посебен фокус на дигитализацијата и искуствата на странските земји во овој сегмент, истакна министерот Алиу.
На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката со заеднички меморандум и формирање работни групи меѓу министерствата за здравство од двете држави.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Огромен успех на Македонската дипломатија” Стигна потврда од ООН
Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа.
Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина во Кочани