Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на надзорна расправа на Комисијата за еднакви можности во Собранието, каде истакна дека улогата на здравствениот систем е клучна, како во раната детекција, така и во обезбедувањето соодветна поддршка за жртвите на семејно насилство.
– Министерството за здравство воспоставува системски пристап, со јасно дефинирани мерки и активности. Во тек е подготовка на програма за зајакнување на здравствениот систем за 2027 година, со предвиден буџет од два милиона денари, која ќе опфати превенција, бесплатни услуги за жртвите, кампањи за подигнување на свесноста и обуки за здравствените работници. Паралелно, работиме и на интеграција на центрите за сексуално насилство во систематизацијата на здравствените установи, со што овие услуги стануваат траен дел од системот. Особено значајно е поврзувањето на овие центри со електронскиот систем „е-здравство“, што ќе овозможи системско евидентирање на случаите и креирање политики врз основа на реални податоци. Овие иницијативи се важен чекор кон интегриран и ефикасен систем, истакна министерот Алиу.
Тој посочи дека во делот на законската рамка, се прават важни исчекори, како што е вклучување на насилството како основ во Законот за здравствена заштита, како и повторно воспоставување регистар за насилство во рамки на здравствениот систем.
Воедно, изрази благодарност до Комитетот за безбедно мајчинство, кој веќе иницираше конкретни новини во функционирањето на центрите за поддршка на жртви на семејно насилство.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија
Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови