Жешки ноќи во Пехчево најавува осмото издание на Фестивалот на трубите во Пехчево.
Од 12 до 14 јули во Општина Пехчево ќе се одржи осмото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018. Културна манифестација која ќе примами голем број на посетители од Малешевијата но и од поширокиот регион. Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018 и овојпат, ќе понуди врвни музички доживувања за гостите, богати трпези и беспрекорно гостопримство. Малешевијата ќе блеска од виртуозите на труба и познати пејачи од земјава и пошироко.
Годинава , настан за паметење за сите возрасти , и за младите, но и за повозрасните, главни ѕвезди на музичкиот дел од фестивалот ќе бидат групата Амадеус и маестралниот Хари Мата Хари.
Во петок, на 13 јули ве очекува спектакл на еден од најенергичните бендови на балканот – Амадеус бенд од Србија.
На 14 јули фестивалот ќе го затвори Хари Верешановиќ кој е предводник на бендот Хари Мата Хари кој постои уште од 1984 година.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево