Според информациите од Општина Виница започната е реконструкцијата на регионалниот пат од селото Бигла до село Драгобраште.
Во моментов се работи на подготовка на коловозот за асфалтирање на овој патен правец кој е од исклучително значење не само за општините Виница и Делчево туку и за сите граѓани на Р.Македонија.
Овој патен правец е предвиден и во програмата ЈП за државни патишта на Р.Македонија благодарение на ангажманите на градоначалниците на Виница и Делчево.
За оваа делница се предвидени 52 милиони денари од кои околу 30 милиони за територијата во општина Виница а останатиот дел за општина Делчево.
Моменталниот патен правец е во многу лоша состојба и потребна е итна санација на повеќе критични места. Во овој проект предвидено е патот од 3,5 метри да се прошири на 5 метри како и да се регулираат одводните канали со пропусти.
информираат од општина Виница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година