“Амнестијата е чувствителна тема и нема многу да говорам на темата, само ќе кажам дека амнестиите не донеле среќа овде,”
-порача францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервјуто за „Македонско радио“.
“Амнестијата треба да се јави по некое осудување и по утврдување на одговорност и генерално кон амнестијата се мисли како помирување во општеството, но јас немам впечаток дека овде неказнивоста е поврзана со помирувањето. Туку овде неказвнивоста предизвикува непомирување и големи рани на општеството, и тоа не е најдобриот пат за државата. Имаме општество кое е екстремно поделено, не е мое да го коментирам Уставниот суд. Правото на амнестијата треба да се користи во функција на помирување, а не во функција на неказнивост, “
-рече амбасадорот по што продолжи:
“Кога бараме мислење од некого тоа мислење треба да се земе предвид или парцијало или целосно, затоа што сметаме дека телото Венецијанска комисија е доста почитувано, и ја почитува целиот свет, а кога сме во потрага по европски стандарди, треба да почитуваме мислење на институција која е почитувана. Суштината на оваа комисија е да креира право, и да се произведе консензус.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена