Принципот според кој одлучува Уставниот суд е едноставен – се прифаќа она мислење/решение, кое ќе добие најголем број гласови.
Овој принцип е едноставен и нормален, и така е насекаде во светот. Меѓутоа вечерва, благодарение на Бујар Османи, разбрав дека тоа значело н а д г л а с у в а њ е! Надгласувањето, пак, во принцип не чинело. Меѓутоа, надгласувањето уште повеќе не чинело, објаснуваше Османи, бидејќи повеќето судии биле Македонци, па тоа значело надгласување на Албанците од страна на Македонците.
Ако е така – а така е, убедуваше Османи – следи дека во Уставниот суд не треба ни да се гласа, туку треба да се прифаќа сѐ што албанските политичари ќе предложат, а албанските судии ќе прифатат, за да не дојде (недај Боже!) до злокобното надгласување.
Затоа, од денес се укинува секое гласање, за да не дојде до надгласување.
П.С. Вреди ли овој господин да се потсетува дека судовите, вклучувајќи го и Уставниот суд, не се етнички тела или заедници (уште помалку племенски), туку државни институции, кои одлучуваат според Уставот и законите, незнаејќи за никаква припадност, макар била и национална?

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!