БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Игор Јанушев изнесе сомнежи во јавност за нова можна финансиска афера за оштета на државниот Буџет

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска во своја писмена реакција до јавноста изнесе повеќе информации во врска со можна нова финансиска афера за оштетување на Буџетот на државата полнет од давачките на граѓаните.

Во продолжение во целост ja пренесуваме неговата реакција упатена до јавноста:

“Нова криминална афера на повидок, во 2018 година ТЕ-ТО е прва на листата по остварена добивка со 120 милиони евра, но истата година најпрофитната компанија во државава оди во стечај. Имено, во јуни 2018, во еден ден од судот е прогласен стечај, но и донесен план за реорганизација на компанијата со кој е отпишан долгот од 28 милиони евра кон “Топлификација”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Причината за стечај, одобрена од судот, е дека струјата ја продавала по неповолно ниска цена и тоа на компанијата ЕДС, која во моментот кога се правеле трансакциите била во сопственост на Кочо Анѓушев.

И покрај тоа што станувало збор “во најмала рака” за проблематичен и крајно сомнителен стечај, криминално-рекетарската банда на власт на чело со Зоран Заев одлучила да потпише одлука со која ќе додели државна помош за компанијата ТЕ-ТО со опростување на данокот на добивка кон УЈП, кој заедно со аконтациите изнесува преку 20 милиони евра. И, се ова се прави иако уште во тој врменски период има поднесено кривична пријава, а истата завршува, погодувате, кај Вилма Русковска!”

-напиша на фејсбук Игор Јанушев.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace