БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Удри и бегај”- случајот за “убиство” на еден Снешко завршил на непосакуван начин за мистериозниот возач

Пренеси го гласот

Возач во Петерсбург, Кентаки во САД доби дрско “будење” кога се обидел да прегази огромен Снешко во двор на куќа покрај патот. Наместо да го прегази Снешкото како што планирал, возачот најверојатно завршил во гаража за поправка на неговата предница на автомобилот.

Кори Лутз и неговата фамилија решиле минатата зима да направат најголем Снешко кој што некогаш го направиле во неговиот двор. Но за да биде постабилен основата на Снешкото одлучиле да биде поставена на остаток од пресечено дрво кој што стрчел над земјата во нивниот двор.

Додека Лутз си мислел дека секој минувач покрај нивниот двор ќе ужива во насмевката на огромниот Снешко кој на себе имал и шапка, сепак вечерта кога сите заспале се појавил некој натрапник кој што мислел поинаку.

Наредното ден кога Лутз се вратил од работа во неговиот двор забележал траги од гуми на возило кои што водат до Снешкото. Но наместо да го пронајде својот снежен другар разурнат, Лутз нашол траги од предница на возило кое се судрило со остатокот од огромното стебло кој бил искористен како основа за Снешкото.

Можете ли да го замислите изразот на лицето на натрапникот кога го осетил “гневот” на Снешкото кој што никако не престанувал да се смее пред неговиот неуспешен обид за атентат?

Креирано од:


Пренеси го гласот