Во текот на вчерашниот ден Зоран Заев заедно со дел од челниците на СДСМ како на државно така и на локално ниво ја започнаа својата т.н. кампања “На прав пат”.
Во салата на Домот за култура “Ацо Шопов” во Штип Зоран Заев заедно со Мила Царовска и Благој Бочварски пред присутните свои поддржувачи ги кажуваа успесите на владата со кои според нив државата е на прав пат.
Додека траеше трибината во публиката помеѓу штипјани можеше да се забележи и пратеникот Амди Бајрам.
Тој веројатно сигурен дека е во вистински раце со актуелната власт, носен на правиот пат од Зоран Заев си дозволи да се опушти па да дремне малку на трибината.
Комфорот на власта секогаш годи нели?
И не сакаме да веруваме дека пратеникот Амди е уморен од зборовите на Зоран Заев па едноставно решил да се “исклучи”.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!