БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Љубиќ: Сите ние сме Марија, Димитар, Даниел и ред други невини жртви на брзото возење, бесните коли, не почитувањето знаци

Пренеси го гласот

Сите ние сме Марија, Димитар, Даниел  и ред други невини жртви на брзото возење, бесните коли, не почитувањето знаци.

Вашето брзо возење некому го чини живот. Да не дозволиме да се нижат имиња на млади деца, адолесценти, млади перспективни луѓе кои допрва треба да го запознаат светот, да навлезат во длабочината на јадрото, да чекорат кон остварување на своите соништа.

Да не дозволиме, младоста да згасне, да не дозволиме една пролет да се претвори во студена зима, да не дозволиме една мајка , еден татко да леат горки солзи, да голтаат кнедли кои дават, и душата се раскинува на милон ситни делчиња.

Животот не е бајка, но може да биде убав. Животот не е играчка, не одземај некому онаа кое не си му го ни дал.

Ќе почувствуваш само кога ќе си мајка, нема заспивање пред да тропне вратата, безброј ноќи без склопени очи, и илјадница мисли кои навираат во глава…

Е сега разбирам зошто стравот е чест гост на родителите… има и зошто да се плашат .

Дали оваа ноќ моето дете е на безбедно, дали ќе се врати со кого е и каде?

Кревајте ја слушалката кога ќе ве бараат, во мислите сте им.

И како да не се плашиме  кога собраќајните незгоди станаа чести ? Како да не се плашиме за  нас и нашите сакани? Ако ти внимаваш, треба да  внимава и тој до тебе, пред тебе, и зад тебе, и оној кој го вклучил левиот трепкач и е спремен  да претекнува и на полна линија.

Како да не се плашиме кога од дозволената брзина се вози два пати повеќе во населени места….

На тој пат не сте сами, ако вам очите ви се вперени во една точка, јас ќе кажам време е да се помериме од мртвата точка.

Како да одиме слободно кога не се знае кој ќе прелета и ќе не собере по пат, носејќи не директно на пат без повратна карта…

Доста е, доста од загубени млади животи, од црнила во животот, доста е, доста една мајка лее солзи, доста еден татко си ги стиска забите, доста  едно семејство во црнина со затворени врати!

Доста брат , сестра, роднини со празнина, со слики во раце и спомен во срцата…доста …

Перница и постела ладна, мирис посебен и смеа гласна, чинија празна, доста тагата да тежи на грбот… би истрпеле  1000 шлаканици, нема да боли, нема да боли како што боли загубата…а од некаде како да ги очекуваме, како да ги слушаме,  надеж во нас  дека ќе ги видиме, ќе ги допреме…и за само една прегратка, за само еден збор би дале се што имаме….

И пред да нагазите , и пред да полетате, размислете  и вперете го прстот во чело, не одземајте некому здив,не затворајте ги очите кои гледаат бистра иднина, кои во својата зеница го имаат скроено светот, не запирајте ја крвта која врие, не одземајте ги соништата, не завенувајте ја душата голема како ширново небо ,  немој да станете убијци , бидете свесни и совесни некогаш и некаде може вие ќе се најдете, некој ваш близок, роднина, пријател, дете…

Небото плаче….плаче за прерано згасната младост, за згаснати желби, за родендени без дувнати свеќички, за крената чаша во вис, за загубените млади животи.

За Марија, за Димитар, за Даниел  требаше да пееме, да се радуваме со нив, да го славиме  животот, а не да тагуваме и да велиме да почиваат во мир…

Пишува: Ана Љубиќ

Напомена: Имињата користени во овој текст се случајно одбрани. Секоја сличност со вистински случки се случајни.

Креирано од:


Пренеси го гласот