БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанчев: Ако може за пратениците плата до 5-ти, тогаш може и за работниците – власта го одби и овој предлог на Левица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На вчерашната седница на Собранието, покрај Предлог-законот на Левица за зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, којшто беше одбиен, на Дневен ред се најде и уште еден предлог на Левица – за исплата на платите до петти наместо до петнаести наредниот месец.

„Ако може за нас, пратениците, платата да се исплаќа до петти во месецот – тогаш треба и за сите останати кои нѐ избрале да им се исплаќа до петти“ – акцентираше Јанчев од Левица во своето излагање.

„На банките не им е грижа дали луѓето кои отплаќаат рати за кредити земаат плата на 15-ти во месецот или подоцна – парите за рата мораат да легнат на банкарските сметки без разлика дали некој зел плата или не. Имајќи предвид дека во Македонија е тешко да се заштеди дел од претходната плата – граѓаните се ставаат во неповолна ситуација и неретко мораат да се задолжуваат“ – образложи пратеникот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Исто така, сопствениците на становите, при наплата на кирии, не ги интересира дали платата се исплаќа на 15 или 20 во месецот. Дополнително, и роковите на некои месечни сметки за тековни трошоци не се поклопуваат со земањето на платата доцна во месецот, па така, неретко на сметките се појавува и заостанат долг и се засметува камата на истиот“ – истакна Јанчев.

Ниту овој предлог на пратеничката група на Левица владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше и истиот не помина.

Креирано од:


Пренеси го гласот