Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
– Почитувани сограѓани,
Јас Ане Лашкоска, како кандидат за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ ја побарав Вашата поддршка на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 година. И тогаш, а и денес гласно кажувам…не се согласувам и нема да поддржам промена на Уставното име на Република Македонија со цел промена на Уставот на државата. Нема да бидам пратеник, но пред се човек, граѓанин на Македонија, кој ќе се согласи да се избрише минатото на државата, да се избрише делото на нашите предци и да придонесам во создавање на идина на младите генерации без минато.
Ни поставуваат прашање кое не заслужува одговор!
Татковината ни е света! Ја носам во срцето!
Вечна да ни е Македонија!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи