Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
Почитувани,
Јас Васил Пишев, избран од народот, никогаш не сум ветил во ниту едно мое излагање, митинг, средба, говор дека некогаш ќе гласам за промена на устав со цел промена на уставното име.
Такво нешто нема во програмата на мојата партија и во тој контекст јас немам таков мандат.
Мојот мандат сум го добил од граѓаните и никогаш нема да ги изневерам.
Македонија е вечна, и нејзинот народ и светата црква.
Со должна почит кон Македонскиот народ и Струмичани,

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи