БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанев во посета на СВР Штип и РЦ Исток: Македонија има полиција која се движи напред – обединета, посветена и достоинствена.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денес беше во посета на СВР Штип и Регионалниот центар Исток каде заедно со колегите помина неколку часа во прошетка од граничниот премин на Делчево, по граничната линија долж Осоговските планини.

„Во природна, искрена и блиска атмосфера, разговаравме за сѐ што ја засега нашата заедничка мисија: безбедна граница, стабилен регион, сигурни граѓани. Од организираниот криминал и прекуграничните закани, до сообраќајната култура, јавниот ред и мир и борбата против шумските пожари – отворено ги споделивме предизвиците, но и визиите за поефикасна и рационална служба. Заеднички ја разгледавме нашата мисија која е безбедна граница, стабилен регион, сигурни граѓани“, истакна директорот Јанев.

Директорот заедно со колегите заеднички потенцираа дека полицијата е тука за граѓаните., да ги слушне, да ги заштити, постојано да биде присутна, достапна и човечна.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„ Ние сме повеќе од униформи – ние сме државни заштитници, пријатели на заедницата и столб на безбедноста. Македонија има полиција која се движи напред – обединета, посветена и достоинствена. И тоа е нашата најголема сила.“, подвлече на крај Јанев.

Директорот Јанев изрази благодарност до сите колеги кои беа дел од оваа активност бидејќи само низ непосредни, заеднички и искрени разговори можеме заедно да ја движиме полицијата во вистински правец.

Креирано од:


Пренеси го гласот