Носителот на кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица од редовите на Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во јавноста денеска ја промовираше идејата за индустријализација на Република Македонија.
Оваа идеја како мерка предвидена во програмата “Проект: ОБНОВА” на Коалицијата со која преку прецизен акциски план се предвидува раст на индустриското производство и создавање на вредности за вработување на поголем број на граѓани во државата на добро платени работни позиции.
“Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за зајакнување на домашната економија се темели на забрзаната индустријализација која ни е неопходна. Моменталната ситуација на тоа поле е неповолна а како резултат на тоа немаме развој што претставува пречка за напредок на голем број други сектори. Ние ќе бидеме бидеме насочени кон креирање на модерни индустриски политики кои ќе предизвикаат забрзан раст на економијата и подигнување на животниот стандард.
За таа цел во програмата ја предвидовме трансформацијата на Министерството за економија во Министерство за индустрија, трговија и развој преку кое ќе извршиме мапирање на стратешките индустриски извозни сектори и скенирање на перформансите на домашните извозно ориентирани компании и градење на конкурентски предности на домашните компании во преработувачката индустрија.
Како резултат на овие мерки произлегоа бројни проекти кои ќе се спроведат во четиригодишниот мандат. Нема да дозволиме ништо да не поколеба во идејата да ја направиме Македонија индустриски модерна, просперитетна и успешна држава. Мора ова парче земја да го направиме економска сила на Балканот, а тоа ќе го постигнеме само со многу работа. Можеме заедно, можеме повеќе. Исправи се Македонијо, одбери обнова,”
-порача Игор Јанушев-носител на листата на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Премиерот Мицкоски од Виница денес соопшти дека почнува реализацијата на проектот за експресниот пат Делчево- Виница- Кочани
Кривична пријава против малолетничка од Кочани која вршела психичко насилство врз дете преку социјални мрежи
Кривична за 38 годишен жител на Кочани, ја загрозувал сигурноста преку упатување пораки преку социјална мрежа