БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев низ аргументи им одговори на сите “трубадури” на власта во обидот да го спасуваат Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска со свое соопштениe им одговори на сите “трубадури на власта” кои што по катастрофално лошото претставување на Зоран Заев во интервју на една национална телевизија се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми и потреби на граѓаните на Република Македонија.

Во продолжение во целост го пренесуваме неговото соопштение:

“По фијаското на лидерската средба на Заев и СДСМ и катастрофалното претставување на интервјуто на еден од националните медиуми, деновиве “трубадурите” на власта во очајнички обиди да се спасува нешто што никој не може да го спаси …

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но, еве да одиме по ред:

1. Лицитирањето со датуми за избори кое го прават Заев и СДСМ е лицитирање со човечки животи. Контрадикторноста е дотолку поголема, затоа што додека бараат продолжување на вонредната состојба, истовремено не убедуваат дека нема ризик по здравјето и животот на граѓаните на Република Македонија да се оди на брзи избори.

2. Инсистирањето за избори на 14 Јуни е технички и организациски невозможно. Имено, од денес да имаме помалку од 5% заразени од вкупниот број на тестирани (на страна сите дилеми и сомнежи кои ги имаме зошто бројот на тестирани е рапидно опаднат) во следните 2 недели, доаѓаме до 29/30 мај како датум кога Претседателот на Собранието со решение ќе го определи датумот на изборите. Ако се имаат предвид роковите согласно Изборниот законик, особено во однос на Избирачкиот список, потребни се најмалку 25 дена, а најмногу 40 дена за истото да се заврши. Според кои “математики” Заев и СДСМ го предлагаат 14 јуни – веројатно и самите не знаат, како што впрочем не знаат и ништо друго … пардон, освен да крадат, лажат и манупулираат!?!

3. Дали воопшто Заев и СДСМ размислуваат за сите ризици по здравјето и животот на луѓето во однос на предизборната кампања, но и на самиот ден на избори? Многу ветојатно дека не! Па, еве само да отворам неколку дилеми – во Република Македонија има околу 3500 избирачки места, на секое има по 5 члена на избирачки одбор, плус по еден член од најголемите партии, по еден набљудувач од сите 15 кандидатски листи, невладини набљудувачи, сите овие имаат свои заменици … ќе се обезбеди социјално дистанцирање од 2м, со оглед на просторните услови? Ќе се носат маски и ракавици? Кој ќе ги обезбеди? Како ќе се врши идентификацијата? Дали ќе се врши проверка на телесната температура пред влез на гласање? Што со тие луѓе што ќе имаат покачена температура? Ќе им се забрани да гласаат?

4. Заев го слушаме како се обидува да го отвори прашањето за електорнско гласање. И тоа е супер, иако крајно лицемерно. Пред само неколку месеци кога се подготвуваа измените и дополнувањата на Изборниот законик, јас лично – како дел од работната група, барав да се овозможи електорнско гласање, што беше експресно одбиено од страна на СДСМ.

Има уште многу дилеми, но да не го обременувам писанието … сето ова и многу повеќе, иако директно ќе влијае на здравјето и животот на граѓаните, не е важно за Заев и СДСМ, за нив е важно да си го “истераат” своето, да спасат што можат – да изгубат со нешто помала разлика, па да се надеваат дека ќе имаат шанса да ја повторат 2016 година.

Само забораваат сега сме 2020 година и спроти себе го имаат ВМРО кое тоа нема да го дозволи, дека овој пат нема да се извлечат! И не го пишувам ова за да кажам дека ВМРО е многу јако, туку сум убеден во тоа затоа што граѓаните на Република Македонија го сакаат тоа. А, кога го имате народот позади вас, должни сте да не го разочарате.”

Креирано од:


Пренеси го гласот