БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Примете ги пакетите што ги носи кандидатката за пратеник на СДС од Пробиштип, платени се со ваши пари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Асфалтот што сега го поставувате предизборно во време на пандемија е да го покрие вашето неработење во изминатите години. Пакетите што ги делат злоупотребувајќи го црвениот крст со партиски активисти и функционери – ќе се изедат, ваучерите ќе се потрошат.
Она што ќе остане се искршените автомобили и додатните трошоци за нивна поправка чекајќи предизборие за да се асфалтира и купи Вашиот глас.

Наредниот месец кога треба да добиете плата дали ќе ја добиете? И колку? Дали и ќе останете на работа доколку не се најдете на партискиот список изготвен од партиското дувло на СДС. Секако и дали ќе успеете да останете недопрени од корона вирусот бидејќи на некому му се брза, му се брза за да не доживее тотално фијаско и се обидува да ве втурне во избори час поскоро, по цена на Вашето здравје.
Она што ќе остане е променетото уставно име на нашата Македонија, понижувањата на македонецот, неговиот јазик и историја со договорите со Грција и Бугарија, кршење на устав, двојазичност, бришење на АСНОМ, уништена економија, партизирани институции со несоодветни партиски кадри, целосен распад на системот од страна СДС.

Македонецот ја има последната шанса да ја спаси оваа држава од ова зло и да не потклекне на овие уцени, закани и поткупи. Доста беше. Сами си ја кроиме судбината и иднината на оваа држава. Изборот е Ваш и на никој друг!!!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Бај д’ веј: граѓани, примите ги пакетите кои Ви ги носи градоначалникот и кандидатката за пратеник од СДС на врата, ваши се, вие ги имате платено.”

-Фејсбук статус на Марјан Миленковски, Претседател на ОК н ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип.

Креирано од:


Пренеси го гласот