БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Преку конзервативизам до Обединета Европа и назад до срцето на секоја човечка единка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Да бидеш конзервативен значи секој правец кој го завземаш со секој свој чекор да биде повеќекратно испитан, тестиран, подложен на критика, јавно, јасно и гласно истакнат како визија, цел мисија, во која граѓаните инвестират доверба која мора да биде оправдана. Секогаш таа визија, цел, мисија на крајот на краиштата не е можно да биде иста како онаа првично декларирана и проектирана во првичната концепција за постапување низ палета мерки и активности, затоа што динамичноста на времињата во кои живееме определуваат огромно влијание од надворешни фактори на организационата структура. Во тој динамичен и флуктуационен процес, столб на движечките сили во самиот механизам на функционалности мора и треба да биде првенствено високата поставена цел (т.н. широка слика) за добробит на граѓаните на целокупниот државен идентитет ограничен во дадени државни граници. И на тој пат кој однапред сме свесни дека не е во целост остварлив, мора и треба да остане здраво ткиво на вредности кои ќе бидат функционален темел на некоја идна енергија и моментум на создателство.

Континуитетот како општествена делотворност е рак рана на Македонскоит општество во целост уште од прапочетоците на постоењето на народот на овие простори (кога и да се одлучиме дека биле тие). Секој нов почеток колку и да е силен, обравдан, корисен е ништовен доколку ги урне придобивките на минатото кои во одредена историска смисла овозможиле напредок за граѓаните на државата. Секако аномалиите на претходните општествени системи мора да бидат заменети со нова енергија и креативност. Оттука конзервативизмот можам слободно да го наречам скелет на идентитетот на постоењето на еден народ, кој е грубата структура која гарантира опстанок на една универзална идеја за прием и надминување на предизвиците на новото време.

Либералната (за мене лично ЦЕНТРИСТИЧКА) политичка определба е сурогат на нешто што “може а не мора” и елемент за стагнација на општеството на веќе воспоставените уредени односи во самото општество. Либерализмот е оправдан и целисходен во услови на постоење на силни институционални капацитети во државата, со висока развиена граѓанска свест за права и одговорности на граѓаните преку кои ќе се договараат стратешките определби на пошироката заедница. Оттука либерализмот како трета опција е и тоа како потребен во Македонија со цел да обезбеди трајна одржливост на балансот меѓу левичарските и десничарските политики во Македонија. Секоја негација на либерализмот или левичарското класично крајно социјалистичко и поумереното социјал-демократско вјерују од страна на десничарските претенденти на власт е однапред осуден процес на пропаст и катастрофално рушење на вредносните системи воспоставени од една или друга власт.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од друга страна пак не сум приврзаник на гломазни политички конгломерати во кој не може да се препознае автентичан десничарски, левичарски или центристички столб на обединување на идеологија, затоа што во вакви услови единствен мотив за работа и залагање од страна на поединецот е единствено личниот профит, кој се базира на принципот “Кој повеќе ќе даде”, независно што ваквиот клиентелизам за личен ќар, води до сериозно нарушување на одржливоста на едно општествено битие како што е државата. И тогаш имаме доминација на радикални структури преку кои се создава постојана фиктивна (понекогаш и реална) пресија во секојдневниот живот на граѓаните, кои наместо да живеат за прогресот, едноставно преживуваат со она што системот ќе го произведе како трошки.

Во државата Македонија сме дојдени до тоа ниво на преживување од трошки кои системот (таков каков што е) ги произведува за своите граѓани. А во општото јавно активистичко милје во Македонските политички и граѓански прилики независна критична мисла може многу малку да се забележи која на некој начин повеќе интуитивно ги идентификува овие аномалии кои се причина за моменталната лоша состојба со целокупните процеси на јавен интерес во државата.

Оттука потребно е лидерство, потребни се лидери во сите политички но и граѓански и стопански субјекти со кои државата ќе зачекори во новото време на неизбежен глобализам и опасностите и придобивките кои истиот тој ги носи со себе.

За крај искрено стравувам дека доколку неподготвени (како Македонски народ) влеземе во еден временски детерминиран циклус на реализација на евро-атланските аспирации на државата, ќе ја доживееме денешната судбина на Романија, Бугарија, уште повеќе Унгарија, Полска, а за Грција, Италија, Франција и Шпанија да не зборувам.

Во сите овие држави она што се прикажува од медиумскиот и политички естаблишмент е само гола пропаганда во однос на реалните и објективни состојби на сегрегација и аномалии во нивните внатредржавни системи.Обединувачките елементи и тоа како се потребни на една Обединета Европа, но вистинската обединетост лежи длабоко во континуитетот, долготрајно и макотрпно исполнување на основните човекови права и обврски во еден модерен свет на обединети граѓани во своите различности… и глорификација на поединецот во рамки на точно определен но и динамичен процес на вреднување и кариера.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот