Инфраструктурниот подем на регионалниот центар Штип продолжува. Денеска во Индустриската зона бр. 2 во Штип се асфалтираа повеќе делови од улици кои што ќе овозможат подобрување на условите за развој на бизнисите застапени во самата зона и понатомошен развој на Штип во целост.
“Развојот на индустријата, значи развој на економијата!
Како одговорна локална самоуправа, со асфалтирање на улици во Индустриска зона 2, го помагаме развојот на штипските компании. Во периодот што следи, овој дел од градот ќе го дооформиме и ќе создадеме погодни услови за сите оние кои работат за унапредување на економијата и зајакнување на бизнисот во нашиот град.”
-соопшти Градоначалникот Иван Јорданов на лице место во Индустриската зона.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа