Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Отсекогаш ги имало а ќе ги има и понатаму…

Пренеси го гласот

Инструментот на контрола преку индоктринации развиен во преиод пред Световните војни а денес абдејтиран до ниво холограми а всушност наши секојдневни пријатели, роднини, познаници и сопартијци.

Со нулта емпатија и отстранети емоции, киборг или zoon politicon, влезени во таа мала бара…мала шума со многу домашни и увезени ѕверови, општиме на стариот Коине јазик, поточно само општиме…

И кај се случуваат напади…не хакерски ама сепак на урду е друго значењето…нејсе, разно-разни идиоти/ки, приучени политичари/ки и непочитувачи на структурата бараат од истата Форма?!

Е како бре мишеви?

Па вие до вчера се криевте по дупки.До вчера го чешкавте шефот од другата структура а сега барате Форма, Суштина и респект!?

И ако еден чесен и неизвалкан знаете да го направите мајсторски бербат, тогаш вие не сте ништо друго, но делови на поранешната и сегашна УДБА кои се пуштени на тројка, оние исти наши-ненаши, уценети со кривични и со други инструменти на правна облигација, слика и прилика на едно друго време кога немало мобилно, селфи, снимања и бомби.

Службите се најсилен инструмент кои се грдото лице на државата кога се опачината ама сепак, тоа е политиката…зар треба да се запрашате како со кривични пријави??

Местенки, минато, грешки, телефони…тоа се тие методи познати ама некреативни!

Неодамна имаше анкета на која води опозицијата!И како на копче во сите градови во Македонија и во Скопје се јавија спијачите, роварачите, удбашите…

Иако тлото по нозете одамна им е разнишано, иако знаат за епилогот, тие упорно уништуваат животи, фамилии, само и само хушкајќи и пријавувајќи…

Не разбрале дека така нема да стигнат никаде.Дека секаде постои тефтер.Дека паниката и стравот иако присутни ќе поминат, а ќе остане длабока рана дека дел бил твое ткиво!?

Затоа од медицинска точка, поарно е сега да се исече се она што е некроза, нечисто и метастаза отколку утре да се рашири по жилите на хиерархијата.Кртовите ќе бидат присутни и понатаму а наше е дали ќе ги храниме со информации или со фејк.

Таквите, не ја заслужуваат ни плунката, ни Думата!!

Пишува: Гоце Марков

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com