Саботниот ден, изобилуваше со „германски“ вести! Шулц ни вети датум за ЕУ, а ние – јадниците од С.Македонија, посредно, дознавме дека сме биле подготвени да го исполниме едно од клучните барања на Бугарија – да ги вклучиме Бугарите во Уставот и тоа како државотворен народ на земјата!? Последнава информацијава е од Јохана Дајмел, една од најугледните германски аналитичарки за Балканот, но одекнува во нашата јадничка свест ужасно, пеколно! Особено што доаѓа во време кога северниот премиер незрело се смее кога го претставуваат на меѓународна средба дека е од „Западна Бугарија“, а министерот за надворешни работи се потпишува како „северномакедонски“! За другите, заедно со претседателот од Водно и да не зборувам!
Во услови кога, источниот сосед го проблематизира македонскиот посебен историски развој – идентитетот и не го признава постоењето на Македонците на нејзина територија (покрај европските) пресуди, не смее политичката и општествената врхушка, ни да се помисли за интервенција во Уставот, макар тој бил и северен! Во спротивно, ако на „балкански начин“ или пак преку Собранието, кое е во хронична криза и е со одлуки од сомнителен карактер, напрaват обид за спроведување на оваа убиствена замисла по македонската опстојба, ќе биде крај за нас Македонците и сите македонски патриоти во државата и пошироко.
Целата колумна на Наташа Котлар-Трајкова за skopskoeho.mk на сл линк тука
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Премиерот Мицкоски на почеток за изградба на нoва фабрика која планира 600 нови вработувања во Кичево
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда